Дејвид и Викторија Бекам веќе 19 години уживаат во брачниот живот.
Славната двојка непосредно пред годишнината од бракот беше во публиката на настан посветен на спортски активности за деца.
Поранешниот фудбалер и популарната дизајнерка во лежерно издание ги набљудуваа натпреварите.
По повод 19-годишнината од бракот и двајцата споделија иста фотографија на која слават во ресторан.
По краткиот престој во Лондон, Викторија отпатува во Париз каде беше фотографирана во бела комбинација.