46-годишниот актер Сергеј Трифуновиќ реши од корен да го смени својот изглед, па до корен ја потсрижа својата коса, народски кажано, „на нуларица“!
Со својот нов изглед актерот се пофали на социјалните мрежи, постирајќи фотографија на глисер, на која е во друштво на многу девојки. Дали со тоа сакаше да испрати скриена порака дека ваков, каков што е сега, жените многу повеќе го сакаат или фотографијата му е само заради „добро алиби“ за непромислениот потег?
Или пак Сергеј морал тоа да го направи за да ја згусне ретката коса која му е во се поочигледно опаѓање? Коментарите се различни. Што мислите Вие?