Бијонсе и Џеј Зи моментално се на светска турнеја на која ги забавуваат илијадници луѓе со нивните најголеми хитови од старите, но и од нивниот нов заеднички албум. Но, неодамна на пејачката ѝ се случи пех па се заглавила на подвижната сцена која буквално висела над публиката.
На почетокот на концертот во Полска, Бијонсе се појави на подвижна сцена облечена во боди и ПВЦ чизми, хистерични фанови, првите тактови од музиката и Бијонсе се заглави!
Техничарите веднаш дотрчале и довеле скалила, па ги поставиле до висечката бина, па дури тогаш настана вистинското измачување, дали Бијонсе ќе се симне или не.
По кратко убедување, местење и ветување дека “сè ќе биде во ред”, Бијонсе се согласи да се симне.
Откако заврши “драмата”, публиката громогласно ја поздрави пејачката.