Многумина сметаа дека нивната врска е само маркетинг трик, но по некое време Сања ја признава нејзината определба и љубовта со Матора.
– Во реалното шоу “Задруга” со Јована, ја открив мојата вистинска сексуална определба. Претходно не бев опуштена за да бидам со девојка. Кога некоја девојка ќе ми пријдеше, секогаш велев: “Јас сум стрејт”. Јована се плашеше дека ќе се откажам поради притисокот на околината. Ме мачеше грижа на совест кога таа застана да ме брани мене и неа, а јас сè уште не признавав јавно дека сме блиски. Тоа ме болеше најмногу, па решив јавно да признаам. И не жалам за тоа. Колку и да беше лошо во релното шоу, мене ми беше прекрасно. Се запознав со Јована и ја открив новата во себе – вели Сања.
Деновиве двете изнајмија стан на Јужен булевар во Белград, го уредија по свое и почнаа да живеат заедно, па од него не излегуваат 24/7! Погледнете како изгледа нивното лезбејско гнездо!