Кога станува збор за идеален партнер, секој си има претстава како треба да изгледа и каков да му биде карактерот.
Некои од македонските јавните личности веќе си го најдоа својот совршен партнер, запливаа во брачните води и уживаат во љубовта и во нивниот плод.
Некои веќе се реализирани како и родители, а некои уживаат само во љубовната идила со партнерот.
Македонската водителка Јелена Спенџарска која редовно е во физичка активност и го одржува своето згодно тело, изгледа дека „не ја одржува љубовта“, па оној вистинскиот се уште не дошол во нејзиниот живот.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија, а во самата објава објасни според кој критериуми треба да се бираат мажите.
„ Мажите треба да се бираат по едноставни критериуми. Чекај да видам…среќна сум со тебе? Не…. Ај,чао, напиша Јеца во описот на фотографијата.
А со оглед на тоа што водителката најчесто споделува фотографии без партнер, сигурно се уште не се појавил оној кој го исполнил критериумот и ја направил среќна.