По раскошната свадба на која беа присутни 900 гости, Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се повлекоа од јавноста.
Иако, младиот пар истакна дека нема да оди на меден месец бидејќи Пријовиќ има закажано настапи преку цело лето, очигледно дека парот се предомислил, па успеа да „украде“ неколку дена и да замине на краток меден месец.
Пријовиќ на својот Инстаграм откри дека моментално се одмара во Монте Карло, па сподели фотографија од одморот и покажа како ужива.
На „Инса стори“ таа сподели и фотографија од плажа, па очигледно дека на госпоѓа Живојиновиќ и годи брачниот живот.
фото:инстаграм/принтскрин