Радио Милева живот во розово

Лоба со поглед на Санторини или… Санторини со поглед на Лоба? (ФОТО)

Лоба со поглед на Санторини или… Санторини со поглед на Лоба? (ФОТО)

Летото полека го зема сиот свој замав, па како и сите обични луѓе и познатите личности ги користат сончевите денови за да ги наполнат батериите, најчесто некаде на море.

За нас морето на јужниот сосед е секако најпривлечно, а изборот на дестинацијата зависи од вкусот, буџетот, авантуристичкиот дух, желбата за промена… Што и да било од сето ова во прашање, македонската поп пејачка со руска душа, убавата Викторија Лоба одмораше на еден од најубавите грчки острови, Санторини.

„Ако некаде има рај на земјата, тој е овде“ – ќе напише пејачката во една од своите посвети прикачени покрај бројните  фотографии,  постирани на нејзините профили на социјалните мрежи.

Лоба во различни изданија со себе понесе спомени за цел живот… Од утринско „турско кафе“  во грчко кафуле за руската душа…

…до вечера на зајдисонце со поглед од милион долари…

…и капење во отворен базен со рајска глетка на околината… Лоба сакаше се’ да проба и да ги почувствува сите убавини на Санторини!

Притоа, убавата Русинка со македонска адреса, не пропушти да ги покаже и своите убавини, сиот свој телесен раскош, привлечност и сексапил.

Особено во моментите додека ги впиваше златните сончево зраци на себе, ја впиваше и глетката на прекрасниоот остров. Викторија Лоба со поглед на Санторини или… Санторини со поглед на Лоба?

А таа со розов поглед на животот, во розов костим за капење, полна со енергија и самодоверба директно од Санторини ве кани на  утрешниот винско-моден ивент: „Розе на штикли“…

…Во скопскиот вински бар и ресторан „Форца“ ( четврток, 5-ти јули), на кој ќе биде главната музичка ѕвезда.  Зашто Лоба многу добро знае дека  животот не е црно – бел… Има нешто и розе… на штикли!

Не е се така црно-бело, има нешто и розево ?? Како дел од негувањето и ширењето на винската култура во земјава, винскиот бар и ресторан @forzawinebar на 5 јули (четврток) од 20 часот организира гламурозна винска вечер „Розе на штикли“ со богата музичка програма, убавина и мода, згодни момци и девојки. Музичката програма ќе биде водена од мене и @djbranchez Гостите ќе може да уживаат во мирисите и вкусовите на розе вина од македонски и странски винарии. Резервирајте на 078 445 068 или преку порака на фан страницата на @forzawinebar https://www.facebook.com/ForzaWineBarRestaurant/

A post shared by L О B А ♥️ (@victorialoba) on

To top