Хрватскиот актер Иван Херцег кој го запознавме како Томо од серијата „Чиста љубов“ кој беше заменет во понатамошните епизоди, за разлика од сценариото во серијата, во приватноста има стабилна љубовна врска.
Имено, тој веќе неколку години е во врска со слвенската пејачка Нина Донели која наскоро ќе се пресели во Загреб кај својот сакан.
И двајцата не саккаат многу да зборуваат за својата љубовна врска пред медиумите, но Нина во една прилика изјави дека Иван најпрвин ја освоил со физичкиот изглед.
-Најважно е да имаш поддршка од личноста која е до тебе секој ден. Нашиот договор со Иван е да не зборуваме за врската во јавноста и да не ја ставаме во фокус, вели таа.
Нејзината селидба во Загред веќе ги поттикна хрватските медиуми да пишуваат дека Иван и Нина можеби ќе запловат во брачните води.