Македонската пејачка Оливера Ѓоргоска очигледно го живее својот американски сон. Замина во САД на музичко доусовршување, па стигна фо докторат… Ама очигледно убаваото Оливерче стигна и да го живее животот. Онака, младешки, без обврски, опуштено, забавно, кул… Барем додека се може!
Фотографиите од различни дестинации и локации го покажуваат и докажауваат тоа. Распеаната прилепчанка баш ужива во секој нов ден, во секој нов час и миг, па така уживајќи стигна да поужива и на најексклузивната локација во градот на ангелите – Беверли Хилс. Приватни вили со базени, одбрано друштво, затворен круг и приватни забави… до бесвест! Она натаму – само таа и останатите присутни го знаат!
Ама затоа она што се знае е и слуша е нејзиниот вокал, а она што се гледа е нејзината става.
Покрај музиката, пејачката очигледно е доста посветена на одржување на својата фигура, па кондицијата и фит формата не и недостасуваат, а од резултатите кои ги покажува на социјалните мрежи, домашните медиуми не ретко ја споредуваат со светската дива Џеј Ло или Ким Кардашијан… во изгледот, секако!
Последните фотографии – жив доказ за тоа. Оливера расоблечена во минијатурно бикини, составено повеќе од врвки отколку од платно, едвај ја покрива интимата на пејачката, која во него изгледа повеќе од привлечно и пожелно…. Едноставно, ултра секси!
Сето тоа зачинето уште со по некоја жешка поза под холивудските палми во друштво на нејзината пријателка Ивон, македонската пејачка ја открива во вистинско светло…
Секс(и) Оливера и градот на забавата – Беверли Хилс… Л.А., Калифорнија, САД.