Радио Милева

(ФОТО)Тој е најпосакуваниот ерген од кралството и е внук на принцезата Дајана

(ФОТО)Тој е најпосакуваниот ерген од кралството и е внук на принцезата Дајана

Неговата тетка била покојната принцеза Дајана, а тој го привлекол вниманието на светските медиуми со појавувањето на последната кралска венчавка во мај.

Луис Спенсер ја носи титулата Виконт Алторп, а е роден во 1994 година во истата болница во која Кејт Мидлтон ги родила своите три деца.

Неговиот татко е Чарлс Спенсер, а мајка му Викторија Локвуд е поранешна манекенка за која Ралф Лорен еднаш изјавил дека е најубавата девојка на светот.

Луис има три постари сестри – Кити, Елиза и Амелија. Тие имаат заеднички родители, а Спенсер ќе ја наследи титулата на лорд и семејниот имот од 5300 хектари бидејќи по англискиот закон тоа му припаѓа на првородениот син.

Неговите родители се разведени, а Чарлс се оженил два пати. Од двата брака, Луис го има помладиот брат Едмунд и сестрите Лара и Шарлот Дајана.

Луис е студент на универзитетот во Единбург и не е присутен на социјалните мрежи. Британските медиуми тврдат дека тој не е во врска.

 

To top