По раскинувањето со синот на Цеца, бившата на Вељко не тагуваше долго време. Неколку недели по раскинувањето започна врска со Рајковиќ со кого се сврши во Париз.
Голманот на српската репрезентација, Предраг Рајковиќ одлучи да стапи на луд камен со манекенката Ана Чакиќ, бившата девојка на Вељко Ражантовиќ.
„Предраг и Ана уживаат во врската и се сакаат, често и купува подароци, а сега и купи мерцедес. Што и да посака, тој и купува. Тајно се свршија во Париз, но на нејзиниот Инстаграм сподели фотографија на која се гледа свршувачкиот прстен. Свадбата планираат да биде на есен, изјави близок извор и додава:
„Ана покрај него често е насмеана. Додека беше со Вељко се нервираше, често се караа, а со Предраг нема недоразбирања. Тој не е љубоморен и нема ништо против тоа што Ана беше во врска со Вељко и со поранешниот фудбалер на Црвена ѕвезда, изјави изворот.