Во првите денови од јуни, Анастасија Ражнатовиќ, сними видео за нејзината прва песна во кариерата која допрва треба да ја започне, насловена “Совршен пар”.
Како што веќе пренесовме, приказната се одвива на бројни локации низ Белград, каде што еден пар минува низ широк спектар на емоции. Главната машка улога во видеозаписот на Анастасија му беше доверена на бразилскиот модел Педро Солц, кој за свои 34 години има многу успешна кариера. По кратки преговори, моделот одлучи да дојде во Белград и да биде дел од овој проект.
Додека песната и видеото не ја здогледаат светлината на денот, Анастасија ги поздрави своите следбеници на социјалните мрежи, најавувајќи ја првата песна со обвивката на синглот.
„Наскоро“ – за заскокотка јавноста Ражнатовиќ, која, на естрадата, очигледно ќе го користи само името Анастасија.