Сузана Манчиќ и нејзиниот долгогодишен вереник Симеон Оцомокос на островот Пилион во соседна Грција вчера го кажаа судбоносното “да“:
На венчавката присуствуваа само најблиските членови на семејствата.
Нејзините ќерки Теодора и Наталија Куниќ носеа свечени долги тоалети, додека пак невестата не носеше бела веначница, туку во шампањ боја.
„Ја предадовме мајка ми“, порачаа нејзините ќерки, а покрај нив блескаше нивната мајка како невеста.
Венчаницата на Манчиќ беше готова уште пред години кога требаше да се омажи во Венеција, но ја одложија свадбата.
Таа истакна дека првиот свадбен танц ќе го играат со песната „Само еднаш се бакнува“.
Водителката откри дека прво размислувале да потпишат предбрачен договор,но се откажале од таа идеја.
Инаку, Сузана и Симеон се во врска 18 години.
фото:инстаграм