Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, ТВ водителот Димитар Атанасовски наскоро ќе станат родители на своето прво дете кое ќе им го збогати и разубави животот.
Последните месеци од бременоста Сара сака да се релаксира и ужива покрај плажа и да го сонча стомакот, па откако поминаа некое време на море, решија да се префрлат на домашна територија на езеро, односно на Дојранско.
Сара и Диме никаде не одат без својот најдобар пријател, кучето од расата лабрадор по име Атос кое е неразделен дел од нивниот живот.
Атос секако беше со нив и во Дојран, а таму кога Сара остана гладна, па сакаше со својот миленик да седне на некоја од терасите на угостителските објекти, газдите во Дојран не беа пријателски настроени кон животните и не и дозволија да седне и да се најде заедно со Атос.
По тој повод таа се огласи на Инстаграм и откри пред јавноста што и се случило.
Бидејќи кучето за нив е член на семејството, веројатно повеќе нема да им текне заедно со Атос да јадат во гостилниците низ Дојран.