Имено, приказната ќе биде околу тоа што се случувало пред онаа во „Дружината на Прстенот”, како што гласи првиот дел од трилогијата на Џ.Р.Р. Толкин. Ворнер според гласините, за тоа преговарал и со Нетфликс и со ХБО, но правата на крај му припаднале на Амазон. Во преговорите наводно, лично бил вклучен и директорот на Амазон, Деф Безос.
„Господар на прстените” е едно од најпопуларните и најзначајните книжевни дела на жанрот епска фантастика.
Околу 2000-та година, новозеландскиот режисер Питер Џексон ја преточи тогаш веќе светски популарната епска авантура, во три филма, кои постигнаа огромен успех и кај публиката и кај критиката, а третиот дел – „Враќањето на кралот” – на Оскарите во 2003. победи во сите 11 категории во коишто беше номиниран.