Неколку месеци пред свадбата Александра Пријовиќ ги закажа настапите за летниот период, но не очекуваше нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ да побара да настапува како госпоѓа Живојиновиќ.
Имено, младиот пар долго време разговарале на темата за презимето. Додека Александра инсистирала да настапува под Пријовиќ, Филип не попуштал.
„Се започна кога кога требаше да настапува на еден сплав.Поради обврските за свадбата не разговараа на таа тема. Филип имаше желба на првиот настап по свадбата, Александра да се појави како Живојиновиќ. Александра мислеше дека се шегува, па и беше симпатично. Но, откако Филип неколку дена повторуваше дека сака да настапува како негова сопруга, Александра сфати дека работата е сериозна, вели извор за „Ало“ и додава дека промената на презимето може да придонесе Александра да ја изгуби публиката во странство.
„Рака на срце, никој кој нема успешан кариера нема да му биде тешко да донесе таква одлука. Разговарав со Филип и сум на страната на Александра. Тој не е свесен колку тоа може да влијае на кариерата на неговата сопруга. Александра го обожава своето презиме, но соработниците ја советуваа да размисли дали би било добро да настапува како Живојиновиќ, вели изворот и додава дека Филип разговарал со неколку сопственици на клубови за да на плакатите за настапите го променат презимето од Пријовиќ во Живојиновиќ.