Мегафон

„Беше еднаш во Холивуд“, прва фотографија од долго најавуваниот филм

„Беше еднаш во Холивуд“, прва фотографија од долго најавуваниот филм

Леонардо ДиКаприо на Инстаграм објави фотографија со Бред Пит, од сетот на снимањето на новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.

ДиКаприо под фотогрaфијата напиша „Прв поглед“, навестувајќи дека е почнато снимањето на филмот, чија премиера е закажана за 9 август 2019 година, на 50-годишнината од убиствата што ги извршија следбениците на Чарлс Менсон.

Тарантино го опишува филмот како „приказна што се случува во Лос Анџелес во 1969 година, на врвот на хипи движењето во Холивуд“.

Во центарот на приказната се Рик Далтон (ДиКаприо), поранешна ѕвезда на вестерн-серии и неговиот партнер и дублер Клиф Бут (Пит). Двајцата не успеваат да се снајдат во Холивуд, бидејќи никого не познаваат, но Рик има многу славна сосетка – Шерон Тејт, која ќе ја игра Марго Роби.

Во неверојатната постава за деветтиот филм на Тарантино се и Ал Пачино, Џејмс Марсден, Барт Рејнолдс, Тимоти Олифант, Курт Расел, Тим Рот и Мајкл Медсен.

To top