Додека српскиот пејач Саша Ковачевиќ ужива во својата љубов со поранешната мисица Зорана Тасовац, со која рече дека има намера да застане на “лудиот камен” и да основа семејството, неговата доскорешна девојка си фати нов пејач.
Имено, пред Зорана која има детенце од првиот брак, пејачот беше во сериозна врска со Јована Јоциќ и оваа врска, според неговите изјави, речиси го доведе пред олтар.
Но, романтиката заврши и по подолг временски период, Јована покажа дека има нова љубов, а тоа е еден еден човек со кој медиумите ја поврзуваа со месеци.
Јована си фати нов пејач, односно влета во нова врска и тоа со Владан Савиќ, фронтменот на бендот “Магла”.
И додека Саша Ковачевиќ чува туѓо дете, неговата бивша во моментов е на Малдиви, каде што отпатуваа на одмор со сегашното момче, со кого уживаат во егзотичните убавини на оваа позната туристичка дестинација.