Актуелното Светско првенство во фудбал се игра во Русија, родната земја на нашата убава пејачка Викторија Лоба.
Таа за ова големо случување не замина за Русија и во живо од трибините да погледне некој натпревар, но затоа пак од својата Македонија покажа дека навива и гледа фудбал.
Очигледно дека Лоба не е од оние припаднички на понежниот пол кои не го сакаат овој период кога се е во знакот на фудбалот, па спротивно на тоа објави ретро фотографија на која ги носи боите на Аргентина, земја за која веројатно навива.
Иако Русинка по крв, Лоба веројатно добро знае кој е тимот чија игра најмногу ја возбудува за гледање и навивање пред ТВ екраните.