Вечерва, 14 ноември во 20.30 часот во МОБ ќе содржи доделувањето на македонските музички награди кога се радиските хитови во прашање – радискиот фестивал МАРС 2017! Меѓу сите ѕвезди на МАРС , ќе се појави и таа – „натурализираната кавадарчанка“, пејачката Наташа Малинкова која ќе понесе една од наградите. Ваквите манифестации скогаш се згодна прилика за дополнителна себепромоција, па Наташка затоа сериозно си ја сфати работата и кога е настапот ама и кога е изгледот во прашање. Зада не излезе дека е „падната од МАРС“, таа подготви специјална танчерска точка со посебна кореографија за својот насап, ама имиџот и гардеробата во која ќе се појави на сцената на МОБ, не ги открива. З изненадувањето да биде уште поголемо, а впечатокот посилен…
Арно ама, судејќи според жанрот во кој е наградената песна „Хеј мама“ и досегашните секси изданија на пејачката, можеме да очекуваме дека и овој пат Малинкова ќе биде променета нешто што ќе ја „шокира“ публиката и во МОБ и ТВ гледачите на МТВ1 која го врши директниот пренос од МАРС 2017!
Вистина.мк се потруди без никој да види да ѕирне на „скришното место“ каде што Наташа се подготвува за настапот на МАРС и види… Дали можеби токму ова е ар ен би имиџот на пејачката за вечерашниот настап, па малинкова ќе биде облечена во специјално за неа изработена „хенд-мејд“ гардероба?! Веројатно ќе да е така, зашто календарски сепак зима и вака облечен, по шорцеви надвор не се оди… Ама затоа на сцената, Наташа ќе „грми“!