Атрактивната српска пејачка Катарина Грујиќ е мета на посилниот пол. Згодна, пожелна, секси, провокативна, таа често мами погледи и предизвикува желба за познанство со неа…
Барем за почеток, а потоа…
Така започна и нејзината врска од оние барем што се познати во јавноста со манекенот Борис Стаменковиќ.
Љубовната романса се случи пред камерите во реалното шоу во кое учествуваа, за потоа да се претвори во врска која траеше една година, по што пејачката и манекенот се разделија со тешки зборови и љубоморни сцени.
Набргу потоа, Катарина ќе започна врска со Немања Буха, со кој ќе остане следните две години.
И додека таа работела тој често излегувал сам во провод, што заедно со неговата љубомора без основ, се наведуваат како главна причина за нивната разделба.
Следен на љубовниот список на пејачката беше хрватскиот бизнисмен и сопственик на ноќен клуб во Загреб, Иван Чолакиќ. со кого Каќа и претходно „се дружела“, но одненадеж се родиле и посилни симпатии…
Со бизнисменот Коста Обрадовиќ фолкерката планирала и заеднички живот, истакнувајќи дека ја воодушевил уште на првиот состанок, а заради неа тој дури и се преселил од Будва во Белград.
Катарина и Коста наводно раскинаа заради неговата прељуба со друга девојка…
Катарина е во моментов одново вљубена и тоа наводно во фудбалерот Огњен Врањеш. Бидејќи таа врска крие многу контроверзи, пејачката одлучи повеќе јавно да не зборува за својата љубов и приватниот живот.