Се уште се зборува за свадбата на Александра и Филип Живојиновиќ.
Имено, се венчаа минатата недела, а на свадбата присуствуваа гости од целиот свет.
На веселбата дојдоа и многу колеги на невестата од естрадата , а меѓу нив се најде и пејачката Катарина Грујиќ која ги пренесе своите впечатоци од свадбата.
-Морам да признам дека на почетокот сите се заморија. Меѓутоа, кога почна музиката и сите се фатија за микрофонот, веќе никој не остана да седи. Нажалост, јас не стигнав да отпеам нешто, бидејќи морав да си одам порано, со оглед на тоа дека следниот ден имав закажан настап, открива пејачката.