Радио Милева

(ФОТО) Кристијан ќе биде неговиот наследник: Внукот на Тоше денес има 20 години и тргна по стапките на својот вујко

(ФОТО) Кристијан ќе биде неговиот наследник: Внукот на Тоше денес има 20 години и тргна по стапките на својот вујко

Пред единаесет години не напушти нашата најголема музичка ѕвезда, Тоше Проески, но без оглед на времето тој никогаш не е заборавен, како и неговите песни.

Дека крвта не е вода, докажува и внукот на Тоше, Кристијан Ристески, кој тргна по стапките на својот покоен вујко и почна и тој да се занимава со музика.

Тоше и самиот го препозна талентот кај својот внук, и сними дует со талентираното момче, а нивната заедничка песна „My little One“ се најде и на постхумниот албум на англиски јазик „The Heardest thing“.


Кристијан денес има 20 години и е студент на факултетот за аудиовизуелни  уметности во Скопје. Пред две години му се укажа приликата да соработува со британскиот продуцент и соработник на Тоше, Енди Рајт, и тогаш отпатува во Лондон.


Талентираното момче порасна, а веруваме дека ќе ги освои симпатиите. На својот профил објавува фотографии од вујко си кој му недостига и му е најголем пример.

 

To top