Завршија матурите и матурските прослави, а некои од македонските јавни личности се пофалија со нивните матурантки и матуранти.
Додека матурантите се подготвуваат и размислуваат по кој пат да продолжат, односно на кој факултет да се запишат, апсолвентите ги подготвуваат дипломските за да завршат уште еден дел од образовниот процес.
Весна Бејби Петрушевска деновиве е горда и среќна тетка, но не поради матурска прослава, туку поради дипломирање на нејзината внука.
Имено, нејзината внука Маја Петрушевска, која како што вели ја чува од дете, деновиве дипломираше, а ова посебно ја направи среќна актерката.
Таа на својот Фејсбук објави фотографија од Маја, а во описот на фотогорафијата напиша емотивна порака:
Mојата прва љубов,првата пелена што сум ја сменила бебе (беше подвиг за мене се извинувам) денес дипломираше.Злато на тетка најсакано ,се што ќе ти трепне на умот да ти се оствари,сигурна сум дека ќе растуриш со твојот талент♥❤you will rule the world ♥♥♥браво Maja Petruševska и зет најмил Џоле(паметен дечко не е на фб,не ко ова нашиве фраери дремат по мрежава)ве сакам..
фото: Фејсбук