Радио Милева будна за сите неправди

„Сами доаѓаме и сами си одиме“: Весна – Бејби расплакана и полна со емоции се запраша што значи да си постар една година (фото) 

„Сами доаѓаме и сами си одиме“: Весна – Бејби расплакана и полна со емоции се запраша што значи да си постар една година (фото) 

Животот е полн со убави и неубави моменти, полн со изненадувања кои  ни се допаѓаат или не, сепак се случуваат додека старееме.

Што значи да си постар за една година, се запраша и македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска токму на денот кога го славеше нејзиниот  роденден.

Или можеби не славеше…? Но, затоа полна со емоции на фотографиите кои ги сподели каде е речиси расплакана, срочи една подолга порака на Инстаграм која сите ги состави длабоко замислени, мошне зачудени, без зборови.

Дека годините се само бројка се согласи и Бејби, гласно размислувајќи  кому му е важна таа бројка и годините што некој ги полни, освен на самиот себе си …

Таа денот на нејзиното раѓање реши да го прослави сама, без торта, без гости и  подароци, а она што го посака, го откри во пораката.

– Еден ден ќе наполниш и 54 години, чинејќи дека слободата ќе ја донесе среќата.Што значи да си постар за една година?Паѓања,станувања,спремна на секој удар од сите страни.Тие едвај чекаат да те удрат,да ти ја повредат и најинтимната и најсветата работа на овој свет.Удираат по децата,а јас животот ги посветив на стотици деца.Секогаш градам големо и високо,онаму до небото.Денес сакам да сум сама,не сакам торта,не сакам подароци,сакам само суштина и знаење.Не верувам одамна на луѓето кои им се крши насмевката кога ќе те видат.Бучавата од кафеаните ми е немерливо залудно време.Љубовта во која верував одамна ја имам закопано доабоко во себе.Многу битки терав сама против сите и за сите.Доаѓаш до еден отсјај кој полека се губи како суров стих.Кому е важно што ти ќе наполниш бројка на години.Сами доаѓаме и сами си одиме.Светот не застанува за тебе,ти го сопираш светот.Се обидувам да бидам будна за сите неправди,за секоја солза,за секое дете,за секоја моја неродена претстава.Се минува и гласноста и сјајноста и тврдината и водата.Тоа што останува е каков човек си.Чуден некој ден,ова роденденов“ – напиша Петрушевска а со нејзините зборови замисли многумина.

За објавата која ја подготви да биде целосна,  ја надополни со песната од српскиот пејач  Балашевиќ „Љубовта не победува“ а зборовите и музиката се совпаѓаа со размислувањата во нејзиниот пост.

Сепак честитките со најубави желби веднаш почнаа да се редат, а таа ги сподели  на кратките приказни на нејзиниот профил на Инстаграм.

Фото: printskrin/instagram/vesnapetrushevska

 

To top