Голманот Предраг Рајковиќ и неговата сопруга Ана неодамна споделија убави вести во јавноста и открија дека го чекаат своето трето дете.
Гордите родители најавија дека по две момчиња ќе се роди и девојче, а името на ќерката сѐ уште не го откриле.
Сега Ана ги воодушеви своите следбеници кога на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа трудничкиот стомак.
Таа позираше во тесен сив фустан на кој и се гледа стомак, а во описот напиша: „Конечно се гледаме малку. Четврти месец“.
Да потсетиме, откако објавија дека чекаат принова, Ана и Пеѓа добија грст честитки, а убавата трудница откри дека долго време посакувале девојче.
Фото: printskrin/instagram/rajkovic_ana