Радио Милева

Шакира нема намера да се откаже од љубовта: Пејачката има ново момче?

Шакира нема намера да се откаже од љубовта: Пејачката има ново момче?

Објавите на Шакира на социјалните мрежи се секогаш под лупа на јавноста, особено по раскинувањето со поранешниот фудбалер Пике Херардо.

Помина повеќе од една година откако беше разочарана од емотивниот партнер, но изгледа дека колумбиската пејачка нема намера да се откаже од љубовта.

Во текстовите објавени на нејзините социјални мрежи се навестува можна нова врска на Шакира:

-Ветив дека никогаш повеќе нема да сакам, но изгледа дека си тука да ги залечиш раните што ги остави тој. Срцето ми беше заклучено со клучеви и катанец, но што да правам, премногу ми се допаѓаш – вели Шакира во својата нова песна.

Сепак, за да дознаеме повеќе детали ќе треба да почекаме на 22 март, бидејќи тогаш ќе излезе нејзиниот нов албум.

Фото: printskrin/instagram/shakira

To top