На некогашната македонска ТВ водителка, а денес најпознатата скопска трендсетерка, Мелита Ракичевиќ и се случи голема непријатност во луксузниот стан во кујната…
Облечена во секси долна облека, таа била расположена до толку што додека подготвувала палачинки танцувала и пеела, без да забележи дека некој ја снима. Вешто ги превртувала палачинките над шпоретот, како вистинска секси домаќинка во кујната, се додека не се случила мала незгода.
Одеднаш пламнал мал оган, па песната и доброто расположение ги замениле стравот и паниката, откако „домаќинката“ видно се исплашила.
Мелита се вознемирила дотолку што на видеото кое сепак одлучила да го сподели на социјалните мрежи се слуша дека некој вреска од страв: „Нешто гори“!?
@melita_mel7♬ original sound – Melita
Случајниот хаос кој го направила за брзо време се средил, па доколку не го споделеше видеото немаше да дознаат ниту соседите кои се во близина… од што тоа вреска нивната атрактивна, позната, секси комшика? Од страв и паника или од задоволство и возбуда!?
фото: instagram/melitameli
Видео: TikTok/melita_mel7