Не е првпат српската пејачка Сека Алексиќ да се инспирира од стилот на хрватската пејачка и српска снаа Северина Којиќ.
Кога се тие двете во прашање, не ретко може да се сретнат споредбени фотографии од слични модни изгледи кај двете познати пејачки.
Таков е случајот и овој пат.
Не дека фризурата е нешто нова, бидејќи на Балканот од познатите, Јелена Карлеуша одамна ја носеше, но баш во ист ден долгата вештачка плетенка прва ја имаше Северина која објави фотографии на Инстаграм, а неколку часа подоцна истата фризура ја имаше и Сека Алексиќ.
Која од нив има недостаток од инспирација кога е изгледот во прашање, оценете самите.