Иако пред јавноста Северина и Игор Којиќ сакаат да прикажат дека имаат совршен брак, по се изгледа дека не е баш така.
Како што пренесува таблоидот „Скандал“, сопружниците неодамна присуствувале на семејна прослава кај таткотот, односно свекорот – фолкпејачот Драган Којиќ-Кеба, каде дошло до толку жестока расправија помеѓу брачната двојка, што Игор ѝ го скршил мобилниот телефон на својата сопруга.
Која е причината за скандалот – се’ уште не е познато, но се претпоставува дека на површина избила љубомората на Игор.