Овој викенд во дикотеката „Пјур“, македонската пејачка Каролина Гочева пееше пред скопската публика.
На социјалните мрежи веќе се појавија и видеата од нејзините обожаватели како доказ дека на секој нејзин настап убаво си поминуваат, особено кога е први март и ја пее нумерата која така се вика.
View this post on Instagram
„За 1-ви март добивам повеќе честитки отколку за роденден, искрено. После толку години, време беше да се видиме и на овој ден“, ѝ се обрати таа на публиката на почетокот на концертот.
Каролина настапот го започна со „Тој“, а потоа продолжи со песни кои беа хитови пред 20 години, но и некои понови.
Полна со емоции Каролина блескаше, а енергија ја пренесе и на сите присутни.
Покрај тоа таа ги воодушеви сите и со нејзиниот изглед, а и во петокот и во саботата носеше розови мини фустани.
View this post on Instagram
;
– Два дена, два концерти – два прекрасни незаборавливи ноќи…Драго ми е што сум дел од оваа магија сподели таа дел од Бекстејџ моментите.
„Прекрасна во секој поглед“, „Продолжи да сјаеш“, „Совршена“, „Најдобра“, „Сонце си“ , „Светско а наше“, „Најдобрата со ангелски глас“, се редеа позитивните коментари под нејзината објава.
Фото: printskrin/instagram/pure club/karolina goceva