Пејачот Мирза Селимовиќ неодамна ја организираше промоцијата на својот нов албум.
На настанот присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои и пејачката Милица Тодоровиќ. Милица Тодоровиќ неодамна повторно е среќна во љубовта, откако започна врска со Лазар Граниќ од Нови Сад.
Нивната романса трае веќе неколку месеци, иако јавноста дури неодамна дозна за тоа, а пејачката сега првпат проговори за деталите од романсата.
View this post on Instagram
– Моите родители никогаш не се мешале во љубовните врски, неговите родители се прекрасни. Славица е прекрасна, еве ја поздравувам – започна Милица.
Најмногу ја нервира што е нагласен изгледот на нејзиното момче, а откри и дека тој е токму спротивното од неа.
– Тој е срамежлив, а јас сум спротивното. Тој е убав и згоден, но јас не гледам само на изгледот. Ме нервира што пишуваат Милица нашла манекен, сакам малку да го извалкам, но не можам – изјави пејачката за Ало.рс
фото:Instagram printscreen/ milicatodorovicofficial/ Фејсбук/Lazar Granic