Иако поминаа години откако Луна Ѓогани и Слоба Радановиќ не се заедно, и двајцата денес имаат свои семејства и деца, јавноста сè уште не престанува да зборува за нив двајца, а многумина се заинтригирани од сето она што се случи кога ја напуштија Задруга 1 каде имаа романса.
Така сега повторно се шири приказната од пред неколку години, кога Кристина Кија Коцкар ја кажа наводната причина поради која Слоба ја напуштил Луна.
– Ова го откривам за прв пат. Тоа лично ми го кажа неговиот соработник. Кога ја напушти „Задруга“ да снима песни, сакаше менаџер да му ја води кариерата. Тие разговараа за тоа, а човекот рече дека ќе го направи тоа, но под услов повеќе да не биде со Луна. Во тој момент сликата за неа во надворешниот свет беше многу грда, а негативните работи би го повредиле во бизнисот и би биле лоши за неговиот имиџ – рекла таа.
– Веднаш се согласи да ја остави. Јас молчам за многу работи, но веќе нема да молчам за ова. И Луна заслужува да го знае ова – открила Кристина на „Свет“ во таа прилика. Потоа и од Слоба бил побаран коментар.
– Тоа не ме интересира. Тоа е минато. Не сакам да зборувам за бившите воопшто. Не сакам да ги коментирам. Се што беше зад мене нека остане зад мене. Јас сум човек кој гледа напред, оди по угорница – изјавил Радановиќ, пренесуваат медиумите.
На 20 февруари 2024 година, Луна гостуваше во емисијата Амиџи, каде водителот Огњен и прочита едно од прашањата од Инстаграм.
– Се сеќаваш ли некогаш на Слоба? – беше прашањето.
– Во која смисла? Како емотивно? Не, одговори Луна. Таа потоа го разјасни својот одговор и емоции.
– Искрено, секако да не те лажам. Го гледам на телевизија, слушам нешто – да, тој е позната личност. Човекот е пејач… но некоја емоција, грда или убава, не постои, не – јасно кажа Луна.
Фото: printskrin/instagram/slobaradanovic/YouTube/Ami G Show S15