Водителката на Дневникот на РТС Ивона Пантелиќ е многу активна на социјалните мрежи каде објавува секојдневни ситуации и од приватниот и од деловниот живот.
Таа во својата објава на својот Инстаграм профил објави фотографија од студиото на која спие.
View this post on Instagram
– Ништо не укажуваше на тоа дека имам температура од 38 степени, освен што се чувствував малку поспано – напишала Ивона во описот на фотографијата.
Инаку, Ивона неодамна проговори за битката со мопаката болест.
– Многу ми беше полесно кога отворено зборував за се. Во принцип, тргнувам од тоа дека ништо не може да се сокрие и кога и да се знае такво нешто, подобро е самиот да кажам. Тогаш чувствувам поголемо олеснување и ми е полесно, а луѓето се соочуваат со фактот дека мора да ја прифатат вистината. Другата страна е можеби хуманиот дел. Не мислам дека сум хуманитарец, но имаше момент кога помислив: „Ако сум човек од медиумите, тоа ќе значи дека луѓето ќе слушнат од мене и мојата приказна“. Ќе им биде полесно, особено на луѓето кои треба да го поминат она низ што поминав јас. Мило ми е што жените масовно ме контактираа и ми пишаа да ја споделат со мене приказната за нивната болест – кажа во својата исповед Ивона и нагласи дека болеста мора да се прифати.
Фото: printskrin/instagram/РТС