Радио Милева љубовни искри

Видеото на Слобода Миќаловиќ и Иван Босиљчиќ предизвика хаос на социјалните мрежи: „Никој не може да ме убеди дека немало ништо меѓу нив“ (ВИДЕО) 

Видеото на Слобода Миќаловиќ и Иван Босиљчиќ предизвика хаос на социјалните мрежи: „Никој не може да ме убеди дека немало ништо меѓу нив“ (ВИДЕО) 

Слобода Миќаловиќ и Иван Босиљчиќ по трет пат глумат вљубен пар во филмот „Јорговани“, а видеото во кое пеат е хит на социјалните мрежи. Премиерата на филмот „Јорговани“ ќе се одржи на 27-ми февруари како дел од натпреварувачката програма на 52. Меѓународен филмски фестивал – ФЕСТ, а од 29-ти февруари ќе го започне својот кинематографски живот, најпрвин во кината низ Србија.

Но, хаос на Интернет деновиве направи видеото во кое овие двајца актери го пеат хитот „Јорговани“, кој одамна го отпеаја Весна Змијанац и Дино Мерлин.
Во тој клип, музичкиот хит води до емотивна катарза во кафеаната, а кулминацијата е кога Иван Босиљчиќ вели: „Тишина, сега малку таа.“

Познато е дека и Иван Босиљчиќ и Слобода Миќаловиќ имаат фантастични вокални способности.
Соработката помеѓу Босиљчиќ и Миќаловиќ започна пред многу години во хит серијата на Здравко Шотра „Ранетиот орел“, продолжи во ТВ серијата „Непобедиво срце“, а ова ќе биде нивна трета филмска средба. Но дали само филмска?

@cica_2611 Sloboda Mićalović i Ivan Bosiljčić film ” Jorgovani” #fypp #fypシ゚viral #viralvideo #fyp #fyppp #balkantiktok #balkan #cica_2611 #music #viraltiktok #trending #new ♬ original sound – 💫𝙲𝚒𝚌𝚊_𝟸𝟼𝟷𝟷💓💞🤍

Зашто, она што го привлече вниманието се коментарите на социјалните мрежи. И тоа на сите, од платформата Х, преку Инстаграм, ТикТок до Фејсбук, коментарите се слеваат со денови и се од ипот:„Овие двајца отсекогаш ми биле подобар пар отколку со нивните партнери.„ Несудени во животот, меѓусебно судени!“, „Како само летаат искри“, „Никој не може да ме убеди дека немало ништо меѓу нив“…!

Фото: film Jorgovani/Košutnjak film/ТикТок/cica_2611

To top