Светските медиуми соопштија за смртта на горилата Коко која умееше да се разбира со луѓето со помош на знаковен јазик.
Коко, 46-годишна женка горила која е позната по многу документарни филмови, починала во вторникот во резерватот во Калифорнија, соопштила фондацијата “Горила”.
Женката е родена во зоолошка градина во Сан Франциско, а знаковниот јазик го научила од д-р Франсин Питерсон, што станало дел од проектот на универзитетот Стенфорд во 1974 година.
Фондацијата навела дека способноста на горилата Коко за изучување на јазикот и емпатијата ги изненадило и освоило срцата на луѓето ширум светот. На насловната страница на списанието “National Geographic” од 1978 година е објавена фотографија од горилата која се фотографирала во огледало.
Коко, за која се зборуваше дека има високо IQ, меѓу 75 и 95, можела да разбере дури 2.000 зборови на говорен англиски јазик. Просечното IQ на луѓето на многу тестови е 100, а повеќето имаат резултат меѓу 85 и 115.
извор:точка.мк