Единствената победничка која успеа да ја донесе Евровизија во Србија, Марија Шерифовиќ е позната по своите шеги, но и дека нема влакна на јазикот.
Таа не се грижи за шпекулациите, па си ужива во својот живот. Шерифовиќ важи за еден од најдобрите вокали во регионот, а често соработува со музичари од регионот, а меѓу омилните и е хрватската дива Нина Бадриќ.
Двете пејачки синоќа се сретнаа во Сараево, а тој момент го обележаа со заедничка фотографија. Шерифовиќ ја сподели фотографијата на Инстаграм, а во описот напиша: Кога ќе се сретнат Србин и Хрват.