Радио Милева Мешај мала, машала...

Љупка Арсовска е „динамит“: Пејачката вака вежба да „меша“ за на сцена или дарбата и е вродена, па и за други прилики и е погодена? (ВИДЕО)

Љупка Арсовска е „динамит“: Пејачката вака вежба да „меша“ за на сцена или дарбата и е вродена, па и за други прилики и е погодена? (ВИДЕО)

Пеењето е дарба од Бога, ама која се’ и како пее, очигледно вокалната дарба денес  во прв план нешто баш и не е… Особено ако телесниот потенцијал ти е во старт за на највисок пиедестал, она што Бог ти го дал и евентуално естетската хирургија коригирала и надоградила е доволна гаранција дека успехот „не ти бега“. Ако не повеќе, барем на кратко, а за подолго естрадно владеење, сепак потребно е и многу поинакво умеење.

Но, дека вокалните можности и изгледот не се единствениот рецепт за „лансирање меѓу ѕвездите“, знаат и пејачките и сите оние кои се занимаваат со естрадата. Особено ако сте припадничка на поубавиот  и понежен пол, за да бидете ѕвезда потребни се уште еден куп други нешта. Меѓудругото и уметноста на заведувањето…

Така на пример, кога си на ТВ, мора да умееш да кокетираш со објективот на камерите, со водителите или жирито, во зависност од шоуто, со публиката која те гледа додека говориш и особено додека го изведуваш својот музички перформанс.

Ништо поразлично не е ниту кога си на сцената, каде имиџот, облекувањето, танцувањето и расната става покрај владеењето со расположението на публиката се „оче наш“ за врвна забава! Заводливото нишање на колковите и широката карлица, немирното потскокнување во длабокоотвореното деколте, на по можност што побујната предница и неодоливото мешањесо овално извајаната задница, покрај песната се главните адути на секоја естрадна убавица! Така било отсекогаш, особено денес!

Кај некои пејачки овие квалитети им се вродени, кај други се учат и вежбаат, за потоа што подобро да се продадат сосе цлиот естраден пакет.  Младата македонска пејачка Љупка Арсовска, е една од оние кои музичка ѕвезда во подем,чија појава на „Ѕвездите на Гранд“ и „IDJShow“ бргу го сврте на себе вниманието на јавноста. Веднаш по ТВ шоу појавувањата дојдоа и настапите по ноќните локали, клубови и дискотеки, каде Љупка со својот перформанс умее да ги фрли гостите во транс.

Особено смела во танцувањето. најчесто машката клиентела никако не го симнува погледот за време на целиот настап, на кој покрај забавата и вокалниот потенцијал Љупка умее виуелно да го сподели со нив сиот телесен раскош што Бог и го дал!

И додека поситетелите цела вечер „со очи ја пијат“  за потоа „немирно да спијат“ останува дилемата и прашањето, дали пејачката е природен талент за ваква танчарска возбуда на поклониците на еротската имагинација или тоа Љупка го стекнала со напорна работа и учење естрадна кореографија?

@filiptanuseski🎙️Ljupka Arsovska New Year 2024 Equilibrium Day and Night 🎆♬ original sound – Filip Tanuseski

Или со други зборови: Дали Љупка Арсовска вака вежба за на сцена или дарбата и е вродена, па и за други прилики и е погодена?

Одговорот го има секако само пејачка, која со едно мини клипче за кусо покажа и како и колку заводливо и возбудливо умее да меша!

После ова, на следниот нејзин настап  сигурно први ќе се продадат„коњопоите“ најблизу до бината, во таканаречениот „фан пит“, зашто Љупка Арсовска е дефинитивно… „динамит“! Мешај мала, машала…!

Фото и видео: Инстаграм/ljupkarsovska

To top