Радио Милева озборувања

Ана Рајковиќ повторно бремена? Провокативната поза предизвика лавина реакции – „Не криеме ништо“(фото)

Ана Рајковиќ повторно бремена? Провокативната поза предизвика лавина реакции – „Не криеме ништо“(фото)

Познатиот српски фудбалер и неговата сопруга за српски Информер се огласија откако на социјалните мрежи излезе информација дека Ана е бремена!

Предраг и Ана Рајковиќ го одбележаа Денот на вљубените така што беа на романтична вечера, а истата ја споделија со прекрасна фотографија на социјалните мрежи.

Фудбалерот и неговата сопруга позираа во провокативно издание, а дизајнерката не детска облека под фотографијата напиша нешто што привлече внимание.

Имено, Ана под фотографијата напиша: „Љубовта пишува романи… бидете во тек“.

Нејзината објава собра повеќе од 7000 допаѓања и серија на рекации во вид на емотикони, но еден од коментарите гласеше: „Дали си бремена?“.

По тој повод, редакцијата на српски Информер го контактираше парот, кој наводот дека Ана е бремена го демантираше:

Не е вистина, кога ќе биде истото ќе го споделиме со јавноста, беше краток во изјавата познатитот фудбалер.

Покрај фудбалерот истата информација ја демантираше и Ана:

-Демантирам, навистина не сум бремена, не сум некој кој крие убави вести, не сакаме да криеме ниту јас, ниту Предраг, навистина не знам од каде излезе тоа, вели Ана за српски Информер.

Само да потсетиме дека Предраг и Ана се родители на две деца и живеат во Мајорка.

Фото: Printscreen / Instagram / rajkovic__ana

To top