Кога повеќето помислија дека Бијонсе целосно се повлекла, а потоа со еден потег докажува дека ѝ нема рамен и дека може да привлече внимание како никоја друга.
Бијонсе, која вчера присуствуваше на Супербоул во Лас Вегас, каде се појавија и нејзиниот сопруг Џеј-Зи и нивната ќерка Блу Ајви Картер, го промовираше својот нов албум „Act II“ со две кантри песни „Texas Hold’Em“ и „16 Carriages“.
View this post on Instagram
Познатата пејачка која е по потекло од Тексас сака да ги истакнува своите корени, а тоа го прави и во начинот на облекување, па на неодамна одржаните Греми награди се појави во кантри стил.
И на новите фотографии има кантри елементи како каубојски шешир, но провокативноста засенила сè останато. Бијонсе позирала во мини блејзер, со огромни метални обетки, во метален градник налик на корсет и со минијатурен метален детаљ на интимната зона. Овој дел по дизајнот наликува на срце и повеќе откривал отколку што прикривал.
View this post on Instagram
На тој начин настанала една од најпровокативните фотографии на Бијонсе, а бидејќи само што започна промоцијата на албумот, допрва треба да се очекуваат големи изненадувања. Фановите на Инстаграм велат дека не можат да дојдат до здив поради овие фотографии, како и дека никој повеќе не размислува за Супербоулот и главната ѕвезда на финалето, Ашер, поради промоцијата која ја приреди Бијонсе.
фото:Instagram printscreen/ beyonce