Милица Дабовиќ со разголените фотографии не престанува да мами воздишки кај своите следбеници на социјалните мрежи.
Нема ден сексапилната спортска милфица да не ги израдува со нова провокација, која ја бранува машката фантазија, а ненаситните мераклии на нејзините разголени фотографии ги остава во слатки копнежи со очи ширум ококорени.
Впрочем тоа и и’ е целта, зашто Милица последнава година од својата голотија и заработува преку нејзината „Онли фанс“, а сега и „Фиеста фанс“ страница за возрасни, на која порачала: „Пишете ми“!
И додека русокосата нимфа чека да стигнат пораките со жешки желби, во какво се’ разголено издание нејзините „муштерии“ би ја виделе, таа на својот Инстаграм само дополнително ја подгреа возбудата, со нова објава.
Имено, Милица на „Инстаграм“ сподели нова разголена фотографија на која лежи онака „распиштолена“ на постела во мрежести црни чорапи и црна секси долна облека од провидна тантела. Покрај овој жежок кадар, таа порачала:
„Срам да ми е! Што сум од крв и месо… Добра ноќ животе“ – патем упатувајќи скриена порака која ја разбраа само оние до кои е упатена, па знаат што сака голата убавица да каже. Ама затоа сите од прва сфатија и видоа, што има да покаже!
Фото: Инстаграм/stefanovamama13