Богдана Ражнатовиќ за неколку месеци ќе му роди трет син на синот на Цеца, Вељко. Ретко се појавува и се експонира во медиумите, а истото е и со социјалните мрежи.
Сепак, има моменти кои дури и таа не може да одолее да не ги сподели со своите следбеници на Инстаграм. И тоа беше случај сега.
Имено, згодната снаа на Цеца, која во бременоста стана уште поубава, објави нови фотографии со синовите и сопругот Вељко. Со овој потег и фотографиите, Богдана на сите им стави до знаење кој е нејзиниот приоритет.
Имено, Богдана сподели фотографии со синовите и Вељко и гордо напиша семејство во описот на објавата. Очигледно е дека семејството на оваа млада е на прво место, а на тоа поткрепува и фактот што таа наскоро ќе го роди своето трето дете.
Нејзиниот сопруг, Вељко Ражнатовиќ, во неколку наврати во интервјуата истакнуваше дека децата ги воспитува во духот на српската традиција. Во врска со тоа, Богдана и тој се преселиле од Белград во нејзиниот роден Тител, каде што како мираз добила раскошна куќа.
Да потсетиме, Богдана за три месеци ќе и го донесе на Цеца третото внуче. Таа носи момче, а веќе имаат два сина – Жељко и Крстан Ражнатовиќ.
фото:Instagram printscreen/ bogdanaraznatoviiic