Поранешната задруга со македонско потекло, Тара Симов, кон средината на минатата година доби син со својот избраник Данило, а нивната врска неколку пати беше на стаклени нозе.
Меѓутоа, сега Данило на Инстаграм објави дека ја напуштил Тара.
– Раскинав со Тара – јавно напиша тој.
По неговата објава, Тара се огласи и изјави дека тоа се само неговите „моментални бубачки“.
– Не знам што да кажам, мислам дека тоа се неговите „бубачки“ кои не би ги коментирала и дека до крајот на денот ќе има помирување и тој пост ќе биде избришан – изјави Тара за „Хајп“ не сакајќи да ги открие деталите.
фото: принтскрин/instagram/tarasimov