Ѕвездата на кантри музиката Тоби Кит почина на 62-годишна возраст.
“Тоби Кит почина мирно синоќа, опкружен со своето семејство. Беше достоинствен во својата борба до крај. Бараме од сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овие тешки моменти”, се вели во соопштението. Пејачот зад себе ја остави сопругата Триша Лукас и нивните три деца. Имал и четири внуци. На почетокот на овој месец, пејачот се отвори за својата битка со ракот на абдоменот, кој му беше дијагностициран во 2021 година. „Поминувам низ хемотерапија, зрачење и операција, но стигнав до точка да се чувствувам добро со сето тоа и мислам дека резултатите ќе бидат добри“, изјави тогаш Кит.
Фото: NBC / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia