Радио Милева успех на квадрат

Русокоси во црно: Наташа Малинкова и Александра Јанева ги зафати летна еуфорија! (ФОТО)

Русокоси во црно: Наташа Малинкова и Александра Јанева ги зафати летна еуфорија! (ФОТО)

Македонските поп пејачки – кавадарчанката Наташа Малинкова и струмичанката Александра Јанева ги зафати летна уефорија. И тоа работна, па уште и заедничка! Обете, секоја одделно си ја градат својата кмузичка кариера поприлчично успешно, ама по се изгледа некој ги поучил дека кога двата успеха ќе се здружат, од таа спојка се добива успех на квадрат!

Затоа кавадараечката секси мама и струмичката бам-бам девојка со заеднички сили ги вкрстија моќните вокали, а резултатот од тоа очекуваат наскоро да предизвика вистинска летна музичка еуфорија.

Имено, така е насловен заедничкиот дует на двете пејачки, од кој обете очекуваат многу. И тие и нивните обожаватели. Видеото веќе е снимено и е во фаза на подготовка, па наскоро треба да ја доживее и својата промоција.  Двете русокоси облечени во црно, наскоро треба да го обелоденат своето  заедничко  „црно на бело“ музичко дело, кое ќе видиме дали ќе предизвика вистинска еуфорија или еуфоријата ќе остане само во насловот.

Сепак, познавајќи ги нивните и вокални и телесни квалитети, русокосите сериозно се закануваат да не доведат во еуфорија… И тоа онаа, најубавата, најпријатната, па ова лето освен по фудбалската еуфорија и  по нивната и  нив двете да се памти!

To top