Радио Милева се снајде

Едни и се изнасмеаја, други ја пофалија за реакцијата: На Џенифер Лопез и падна вештачката коса среде настап (видео)

Едни и се изнасмеаја, други ја пофалија за реакцијата: На Џенифер Лопез и падна вештачката коса среде настап (видео)

Џенифер Лопез неодамна доживеа несреќа на настап во живо, кога ненамерно ја скина својата екстензија на косата на средина на настапот.

Имено, поп-ѕвездата настапи со своите машки и женски танчери во шоуто „Saturday Night Live“ каде ја отпеа својата нова песна „Can’t Get Enough“.

Сепак, на сред настап еден од додатоците во косата попушти и Лопез го повлече додека играше. Но, овој мал инцидент не го попречи нејзиниот настап, па така таа продолжи да пее и танцува со исто темпо.

Еден корисник на социјалните мрежи ја сподели оваа ситуација, а Лопез доби многу комплименти за нејзината постапка. Но, имаше и такви кои се насмеаа за инцидентот.

„Шоуто мора да продолжи“, „Каква дива“, „Ја сакам! Каков ѕвер е на сцената“, „Апсолутно професионална“, „Изведбата беше толку добра што не ја ни забележав несреќата“, „Кралица “, „Таа добро се справи со ова“, „Изгледа неверојатно“, беа само дел од коментарите.

фото:Instagram printscreen/ Ј lo/ Twitter/ Joey Nolfi

To top