Какови времиња дојдоа, музиката најпрвин да се гледа, па потоа да се слуша… Или што би рекле жаргонски: „Денес пејачката се слуша со очи“! Затоа веројатно пејачките изгледа прво ги ценат по тоа колку се расни, бујни и телесно надарени, а дури потоа, откако ќе станат доволно интересни и медиумски експонирани, колку се и вокално талентирани… За на голема сцена или само за по кафилиња и кафеани, тоа веќе зависи и од многу други фактори!
Пеењето е дарба од бога, ама која се’ и како пее, очигледно вокалната дарба денес во прв план и не е… Особено ако телесниот потенцијал ти е во старт за на највисок пиедестал, „студиските мајстори од продуценти“ доволно ќе ти го дотераат она што излегува од тебе како пеење, колку да не е за бруки и смеење, а останатото ќе го коригираат вештите раце на оние другите „мајстори на естетската хирургија“. Потоа ПР менџментот и медиумите го земаат полупроизводот во свои раце и за кус период од половина до една година, новата „ѕвезда е родена“! Секако, ако си умна, не се противиш и слушаш, можеби ќе заработиш пари до гуша, ако не… Бргу ќе згаснеш уште неблесната и ќе биде: „Дај друго дете, не ја менувај песната!“
@idjshow Ljupku je put vodio pravo u finale… Danas se prisećamo kako je to izgledalo! 💓 @Ljupka ♬ original sound – IDJShow
Оваа непишана формула за успех особено е присутна во регионот, каде музичката индустрија е многу поразвиена, а шоубизнисот претворен во машина за штанцање пари! Затоа и македонските пејач(к)и прават се што можат, дали преку регионалните музички талент натпреварувања, дали индивидуално, да се дограбат до ветената земја Србија или поточно нејзината престолнина Белград, кои за нив се потенцијалната естрадна Мека и најпосакуваниот град.
@filiptanuseski🎙️Ljupka Arsovska New Year 2024 Equilibrium Day and Night 🎆♬ original sound – Filip Tanuseski
Една од оние млади таленти која од нигде – никаде беше една од многуте која тргна да се обиде по овој рецепт да успее е и младата македонска пејачка Љупка Арсовска, која уште со своето прво појавување привлече големо внимание кај стручните лица, продуцентите, публиката… со својот вокал, настапот и секако со својот секси изглед. Започна во „Ѕвездите на Гранд“, потоа продолжи и во „IDJShow“ каде имаше забележителни настапи, но паралелно со своите музички обиди со текот на времето пејачката претрпе и бројни трансформации.
На почетокот доволно природно бујна, расна и надарена, но по последните појави, пејачката и тоа како телесно изненадува. Видно ослабена, со истенчен струк, со долга костенлива коса и издолжен лик, стариот изглед како да пропаднал во дупка, па пејачката сега изгледа како да е некоја друга Љупка.
Арсовска најавува дека наскоро ќе ја израдува својата публика со нова песна. Пред премиерата оваа атрактивна пејачка со своите следбеници сподели неколку фотографии на кои изгледа повеќе од предизвикувачки и секси.
„И кога ќе дојде Љ. – стои во описот на еден од новите кадри кои Љупка ги сподели на „Инстаграм“, а под оваа објава се појавија куп коментари и прашања од нетрпеливите фанови кои едевај ја очекуваат новата песна на оваа млада музичка ѕвезда во подем.
А таа во куса кожена моторџиска јакна, деколтирано црно секси боди кое едвај нешто покрива и горе и долу, во високи црни кожени чизми до бутини уште на прва глетка ги собира на себе „влажните машки погледи“.
Повеќе од провокативна и пожелна, со повикувачки поглед ве гледа право в очи додека клечи со раширени коленици, поза која „ги извади од боксерки“ нејзините машки, а и некои женски следбеници!
За поклониците на еротската имагинација ништо помалку возбудлива додека со отворен уста ги полизнува кожените ракавици – поза за дополнителна ерупција на страси кај машките поданици!
Она што Љупка го покажува облечена во црна куса бундичка и истото она боди со деколте до папокот, возбудата ја еруптира до плафонот!
Телесниот раскош, тенкото струкче и широката карлица на македонската убавица доплнително ја поттикнуваат волшебната игра на сите сетила!
Раскошната Љупка Арсовска покрај фотографииите од нејзината секси фотосесија порача: „И јас би зјапал“ – иако „влажниот поглед“ на секој вистински маж кажува дека и многу повеќе од тоа би посакал!
Фото: Инстаграм/ljupkarsovska