Рок групата „Ван Гог“ објави дека годинава за засилување ја имаат кубанската басистка Нивис Сабурнин Перез.
„Ван Гог“ на својот Инстаграм профил објави фотографии од Перез со пејачот и гитарист Звонимир Ѓукиќ и тапанарот Србо Радивојевиќ со порака: „Нова турнеја, нова насмевка, нов звук, нова енергија, нов Ван Гог“.
Перез веќе во декември учествуваше со Ѓукиќ, Радивојевиќ и басистот Драган Ивановиќ Гага на снимањето на новогодишната програма на Радио-телевизија на Србија. Бендот најави дека „Гага им се придружува“ на пробите и дека „првата станица е 8-ми март кафе Битефарт“, каде што ќе свират песни кои не се пуштале со години.
Перез е родена во Хавана, каде дипломирала музичко училиште за бас и диригирање, а настапувала во Proyecto Latino и Sol y arena, пред да се пресели во Србија во 2014 година, каде што свирела со бендот Gift., музичарот Игор Винчетиќ и други.
Фото: Инстаграм/musicvangogh