Во „Ѕвездите на Гранд“ се скараа пејачките Марија Шерифовиќ и Вики Миљковиќ.
На Вики не и се допадна презентацијата на Александар Милиќ Мили, а потоа се вмеша и Марија.
– Мили, ти немаш поим што зборуваш… – рекла Вики.
– Види, кога ќе ми кажеш дека немам поим, тоа е потполно исто како да земеш и да му кажеш на Ѓоковиќ: „Еј не ти чини бекхендот“ – одговори Мили.
– Чекај, што значи ова?
– Добро, сакаш ли да ми дозволиш да кажам нешто? – протестираше Вики.
– Нема, затоа што зборуваш глупости и во најмала рака е грубо! – и „плесна“ Марија.
– Оди, врати се во тоа твоето село, одведете ја таму! – жестоко додаде Марија.
А конфликтот потоа продолжи до бескрај.
Фото: printskrin/instagram/YouTube