Мегафон Скандал

Судијата на полувремето го барал дресот на Роналдо- Мароканците бесни на неговото судење

Судијата на полувремето го барал дресот на Роналдо- Мароканците бесни на неговото судење

Португалија со 1:0 славеше над Мароко во второто коло од групната фаза на Светското првенство.

Мароканците не беа задоволни од судењето на натпреварот, а фудбалерот на африканската селекција Нордин Амрабат, кажа дека судијата Мајк Гејгер не ја водел совесно ситуацијата на теренот и дека дури на најдобриот фудбалер на светот на полувреме му го побарал дресот.

-Неверојатно, не знам со што тој судија се занимавал порано, но очигледно денеска беше импресиониран од Кристијано. Пепе ми кажа дека слушнал како судијата го прашува за дрес во текот на паузите меѓу двете полувремиња. Луѓе, ова е Светско првенство, не е циркус, истакна видливо лутиот Амрабат.

извор:курир

To top